МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО ( ВТОРО СООПШТЕНИЕ)
Почитувани,
Имам задоволство и чест да Ве поканам и да Ви посакам добредојде во мое
лично име и во името на Организацискиот одбор на III- от Конгрес на
трансфузиолозите на Македонија со меѓународно учество, кој ќе се одржи од 10-14
Јуни, 2009 година во Охрид.
Претседател на Конгресот:
Прим.д-р Ристо Дуковски
Покровител:
Министер за здравство
Д-р Бујар Османи
Научен одбор:
проф.д-р Перко Колевски, проф. д-р Стојанка Костовска, проф. д-р Воскресија
Стефановска, вон.проф. Миленка Благоевска, насл.вон. проф. Владимир Миленков,
насл. вон.проф. Олга Дамевска-Тодоровска, доц. д-р Кочо Димитровски, асс.
мед.сци Анита Христова-Димчева, прим. д-р. сци Никола Камчев, м-р д-р Елизабета
Тодоровска, асс. м-р д-р Татјана Макаровска- Бојаџиева, асс. м-р д-р Емилија
Велкова, прим д-р Михајло Баламовски.
Почесен одбор:
д-р Бујар Османи- Министер за здравство, проф. д-р Магдалена
Жантева-Наумовска - Декан на медицински факултет, проф. д-р Јован
Тофовски- Претседател на Македонско лекарско друштво, проф. Владимир Борозанов-
Претседател на лекарска комора на Р. Македонија, Саит Саити- Генерален секретар
на Македонски Црвен Крст, проф. д-р Јонче Неделковски, проф. д-р Тодор
Стојчевски, прим д-р Драган Ивановски, прим д-р Милош Грубовиќ
Конгресни теми:
- Предизвици за дарување на
крв и крвни компоненти
- Клиничка трансфузија и
хемовигилност
- Имунохематологија и
имуногенетика
- Безбедна трансфузија
- Менаџирање и систем на
квалитет во трансфузионата медицина
- Хемостаза и тромбоза
- Автоматизација и
технологија во трансфузионата медицина
Краен рок на испраќање на апстрактите е 15.04.2009
Упатство за поднесување апстракти
Апстрактите да се напишат на македонски и на англиски, да се пратат во 2 примерока,
заедно со дискета во Mac C Times/ Times New Roman, без проред, големина на
букви 11, на адреса ул. Водњанска бр. 17, Скопје ( со назнака: за Конгрес) или преку елекронска пошта : kongresitm@gmail.com
Насловот се пишува со големи букви, во вториот ред се пишуваат презимето и
иницијалите на авторот/ите, во третиот ред се пишува институцијата, градот и
државата.
Четвртиот ред е празен, а потоа следува текстот на апстрактот кој треба да
содржи: вовед, цел, материјал и методи, резултати и заклучок. Не е пожелно да
се користат кратенки.
Означете ја формата на презентирање на трудот: усна презентација, постер.
Времето за усна презентација е максимум 10 минути. На располагање се:
дијапроектор, графоскоп, видеорекордер, LCD проектор.
Известувањето за прифаќање на апстрактот ќе биде пратено по пошта или на
e-mail.
Постери
Паноата за постери се со димензија 1м х 1м. Постерот по содржина треба да биде
соодветен на апстрактот. Постер презентацијата се ограничува на максимум 5
минути.
Официјални јазици на Конгресот: македонски и англиски
Свечено отворање на Конгресот: 10.06.2009 во 18 часот, Хотел Метропол,
Охрид
Регистрација:
до 01.04.2009 за членови на ЗТМ, МЛД и учесници од странство 4000 ден
до 01.06.2009 за лекари на специјализација, студенти, мед.сестри, лаборанти,
придружници 4000 ден.
после 01.04.2009 за членови на ЗТМ, МЛД и учесници од странство 6000 ден
после 01.06.2009 за лекари на специјализација, студенти, мед.сестри, лаборанти,
придружници 2500 ден.
Регистрацијата вклучува: присуство и учество на конгресот, програма и
зборник на трудови, потврда за учество, освежување на паузите, ручек, свечено
отворање и коктел.
Регистрацијата може да се уплати на жиро сметка: 300000001835373 ЈЗУ Републички
завод за трансфузиологија, со назнака: За конгрес
Хотелско сместување: учесниците ќе бидат сместени во хотел Метропол.
Еднокреветна соба чини 50 евра ( во денарска противвредност), двокреветна соба
чини 39 евра по учесник.
|