|
И оваа година во чест на хуманоста
ќе биде одбележан 14 Јуни, Светскиот ден на крводарителите.
По тој повод во Републичкиот завод за трансфузиологија на 14 Јуни во 10 часот ќе биде отворен нов Оддел за дарување на крв по пат на аферези. На овој начин се надополнува просторно, функционално и организациски уште еден дел од ланецот на крводарителскиот процес.
На сите крводарители им го честитаме Денот на крводарителството, изразувајќи им голема благодарност за нивната хуманост и многуте спасени животи. Републичкиот завод за трансфузиологија како национална установа и понатаму ќе настојува да ги заштитува и почитува крводарителите, да оддава признание на секој крводарител не само на овој јубилеен ден, туку и во секоја пригода во текот на крводарителските акции низ Републиката.
За сите заинтересирани како Светскиот ден на крводарителите се одбележува од Светската здравствена организација, Црвениот Крст и Црвената Полумесечина, Советот на Европа за безбедна крв, проследете го следниот линк: http://www.coe.int/t/dc/files/events/2010_journee_don_sang/default_EN.asp
|
|
|
|