Дома Контакт
Skip Navigation Links
За крводарувањето
За крвта
За РЗТ
Трансфузиолошки служби
Новости
Галерија
Линкови
"За обезбедување доволни количини на безбедна крв секој жител на Р.Македонија дарувањето на крв треба да го чувствува како обврска,потреба и задоволство" Прим.Др.Ристо Дуковски и Avni Ismaili Dipl.ek.-Директори на Јавна здравствена установа Институт за трансфузиона медицина на Република Македонија- Скопје

Зошто даруваме крв?

zosto-daruvame-krv.jpgКрвта е лек за кој што нема соодветна замена. Таа и продуктите што се добиваат од неа наоѓаат широка примена во лекувањето на голем број на болни и имаат бесценета улога. Крвта е неопходна при операции, за лица со анемии и други болести на крвта, за родилки, и за многу други состојби.

 

Во итни случаи на болните и повредените кои се животно загрозени, крвта им е потребна веднаш. Затоа мора во секое време да има доволни количини на крвни продукти, кои се контролирани и безбедни за употреба.

 

Крвта треба да ги чека пациентите, а не пациентите да ја чекаат крвта.

Ова може да се постигне само доколку трансфузиолошката служба во секое време располага со доволни резерви на крв и крвни продукти, а тоа пак зависи исклучиво од сите нас кои сме одлучиле да станеме крводарители.


Да не заборавиме дека да се дарува крв значи привилегија на здравите и надеж за болните. Секому од нас може некогаш во животот може да ни биде потребна терапија со крв и крвни производи. Затоа да не ги забораваме оние за кои нашиот половина час од нашето време и една кесичка крв значат можност за живот. Само така може да сме сигурни дека ако некогаш и ние сме во болест и мака некој ќе оддели половина час за да ни даде нов живот.

 

Светската здравствена организација препорачува дека само доброволното, анонимно и неплатено крводарување може да ги задоволи потребите за сигурна крв. Фамилијарното крводарување треба да се избегнува, но сепак некогаш заради специфични причини (ретка крвна група или други непаланирани појави) може да има потреба некој од семејството на болниот да дарува крв за него. Тоа се ретки и спорадични појави.

Платено дарување во нашата земја не постои. Исто е и секаде во светот, освен во некои земји каде здравствените системи се на многу ниско ниво, а со тоа и безбедноста на крвта од платени дарители е во многу мали количини или ја нема.

 

Секоја единица крв од доброволните дарители се контролира за присуство на заразни заболувања (жолтица Б и Ц, сида, сифилис), како и за крвна група и Рх фактор и антитела. Таа контрола трае 24 часа. Значи, доколку за некој болен или повреден крв дарува крв негов близок од семејството (фамилијарно дарување), крвта не може веднаш да ја прими пациентот токму поради времетраењето на контролата и несоодветни крвни групи. Резултатите од овие тестови се анонимни и доверливи и достапни се само на дарителот и на медицинските работници, вклучени во тестирањето и процесот на контрола на квалитетот. За евентуалните позитивни резултати дарителот ќе биде известен и поканет на повторно тестирање или упатен во други соодветни институции за понатамошни иследувања или терапија.

 

Запаметете НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДАРУВА КРВ ЗА ДА СЕ ТЕСТИРАТЕ ЗА БОЛЕСТИ ПРЕНОСЛИВИ ПРЕКУ КРВ.

 

Крв се дарува само со големо човекољубие и желба да се помогне. Тоа е највисок чин на алтруизам и хуманост.

 

Copyright©2006 Републички завод за трансфузиологија
Сите права се задржани